Wednesday, May 18, 2011

Реки во Република Македонија

Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².













Треска е река во Македонија, десна притока на р.Вардар. Долга е 132км, а нејзиното сливно подрачје е 2.350км².










Брегалница е река во источниот дел на Република Македонија. Вкупната должина и е 225 км., а површината на нејзиниот слив изнесува 742,5 км². Поголеми притоки се: од десната страна - Злетовcка Кочанcка и Оризарcка Река, а од левата страна -Оcојница .













Црна Река е најголема десна притока на Вардар. Нејзината должина изнесува 207 км.
Извира од изворот Црна Дупка во близина на селото Железнец на надморска височина од 760м.

Пчиња е лева притока на реката Вардар. Реката Пчиња припаѓа на егејското сливно подрачје. Нејзиниот слив покрива површина од 3.140 km² (1.247 km² во Србија и 1.893 km² во Македонија). Поголеми притоки и се реките: Бистрица, Петрошница и Крива Река (леви), Кумановска Река (десна).
















Реката Тополка извира на падините на планината
Јакупица над селото Горно Јаболчиште . До вливот во реката Вардар има должина од 38 километри. На оваа река изградена е браната Лиcиче  висока 66 метри, широка околу 2.400 метри и долга 2.000 метри.

Планини во Република Македонија

Република Македонија има многу природни богатcтва во нив cпаѓаат и планините.

Осоговски Планини

Осогово е планина помеѓу југозападна Бугарија и североисточна Македонија. Планината е долга 110 км и околу 50 км широка. Нјвисокиот врв е Руен на 2251 м надморска височина. Осогово е најсеверна и најголема планина од групата на Осоговско-Беласичките планини.
Градови блиску до неа се Кочани и Крива Паланка. На неа се наогаат разни метални руди. Туризмот е развиен во текот на целата година. На Осогово има доста букова шума и многу е богата со лековити билки. Од животни има доста диви свињи и зајаци. На 2000 метри надморска височина се наоѓа и доста познатата Ајдучка Чешма.
















Ниџе

Ниџе се наоѓа во југозападна Македонија, преку него поминува границата со Грција. Планината е познато по скоро не допрената природа, богати шуми со борови, чисти реки и пасишта на над 2000 метри надморска височина. Во геолошкиот состав слична е со Јакупица и Баба. Највисок врв е Кајмакчалан (2521 метар). На него се наоѓа мала црква и гробница на српски вијници кој што загинале за време на Првата Светска Војна. Битола е најблизок град до Ниџе.












Беласица

Беласица е долга околу 60 км и широка помеѓу 7 и 9 км. Се наоѓа североисточно од Дојранското Езеро. Највисоки врвови се Калабак кој се наоѓа на 2029 метри надморска висина и Поле на 1888 метри надморска височина. Климата во овој регион е претежно медитеранска. На Беласица се наогаат познатите Смоларски водопади. Беласица во 2003 постана еврорегион. најблизок град до неа е Струмица.




















Јабланица

Јабланица се наоѓа 14 км северозападно од Охридското Езеро на границата со Албанија. Највисок врв е Црн Камен на 2257 м надморска височина. Во северниот дел на долината Лаквица, левата притока на реката Црн Дрим ја одвојува Јабланица од планината Радуч. Во јужниот дел се наоѓа Ќафа-Сан. До Јабланица може да се стигне преку селото Вевчани кое се наоѓа во подножјето на планината.












Плачковица

Плачковица се издига помеѓу струмичко-радовишката котлина на југ и кочанската котлина на север. Таа е поделена на два дела, источни и западни. Западниот дел е понизок, а највисок врв на него е Туртел на 1689 метри надморска височина. На источниот дел се наоѓа највисокиот врв на оваа планина, Лисец на 1754 метри надморска височина. Лисец е популарен помеѓу локалните планинари. Не е необично на Лисец да има снег и во јуни. Под врвот се наоѓаат планинарските домови Вртешка и Џумаја.












Бабуна

Бабуна се наоѓа североисточно од Прилеп, помеѓу северниот дел на Пелагонија и велешката клисура. Највисок врв е Козјак на 1748 метри надморска височина. Бабуна се вбројува во средно високи планини. Таа има длабоки долини па затоа има карактеристични врвови. Бабуна има добри пасишта, па затоа овде е развиено овчарството. Богата е и со рудно богатство (олово). Во нејзиното подножје поминува патот Прилеп-Велес.




Македонија

Македонија, или официјално Република Македонија, е држава сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од следбеничките држави на поранешната Југоcлавија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Cрбија (и Коcово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија  на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2,000 метри.