Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².
Треска е река во Македонија, десна притока на р.Вардар. Долга е 132км, а нејзиното сливно подрачје е 2.350км².
Брегалница е река во источниот дел на Република Македонија. Вкупната должина и е 225 км., а површината на нејзиниот слив изнесува 742,5 км². Поголеми притоки се: од десната страна - Злетовcка Кочанcка и Оризарcка Река, а од левата страна -Оcојница .
Црна Река е најголема десна притока на Вардар. Нејзината должина изнесува 207 км.
Извира од изворот Црна Дупка во близина на селото Железнец на надморска височина од 760м.
Пчиња е лева притока на реката Вардар. Реката Пчиња припаѓа на егејското сливно подрачје. Нејзиниот слив покрива површина од 3.140 km² (1.247 km² во Србија и 1.893 km² во Македонија). Поголеми притоки и се реките: Бистрица, Петрошница и Крива Река (леви), Кумановска Река (десна).
Реката Тополка извира на падините на планината
Јакупица над селото Горно Јаболчиште . До вливот во реката Вардар има должина од 38 километри. На оваа река изградена е браната Лиcиче висока 66 метри, широка околу 2.400 метри и долга 2.000 метри.
No comments:
Post a Comment